ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Спасени пет лица во едрилица која остана без контрола поради вчерашното невреме во Охридското Езеро (Видео)

Охрид, 20. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Сопственик на едрилица, на која покрај него се превезувале уште четири лица, изгубил контрола поради невремето и поради кршење на крмен лист, по што околу 19:00 часот пријавил во СВР Охрид.

– Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ веднаш излегоа на терен и околу 19:25 часот ја пронајдоа едрилицата на околу 7.000 метри од брегот на езерото, во близина на границата со Република Албанија, информираат од МВР.

55-годишниот Н.Б. од Охрид, кој ја управувал едрилицата заедно со другите лица кои се превезувале на неа се спасени и безбедно пренесени до Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ во добра здравствена состојба и без повреди. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: МВР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука