Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Едрилицата од синоќешната акција за спасување утрово „сигурна“ кај Езерската полиција (Фото/Видео)

Охрид, 20. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Едрилицата на која беа пет лица, кои беа успешно спасени од водите на Охридското Езеро, утрово беше забележана кај Езерската полиција, во каналот „Студенчишта“ во Охрид.

Сопственикот на едрилица, на која покрај него се превезувале уште четири лица, изгубил контрола поради невремето и поради кршење на крмен лист, по што околу 19:00 часот пријавил во СВР Охрид.

– Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ веднаш излегоа на терен и околу 19:25 часот ја пронајдоа едрилицата на околу 7.000 метри од брегот на езерото, во близина на границата со Република Албанија, информираат од МВР.

55-годишниот Н.Б. од Охрид, кој ја управувал едрилицата заедно со другите лица кои се превезувале на неа се спасени и безбедно пренесени до Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ во добра здравствена состојба и без повреди. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес/МВР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука