Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Слатко лето охридско со Plazma, Тамаро и Супер радио: Plazma чаршиска слаткарница (Видео)

Охрид, 20. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Како продолжение на успешната соработка со најголемите компании од државата и регионот повеќе од една деценија наназад, охридските „Тамаро“ маркети и водечкиот медиум во регионот, Супер радио, и ова лето нудат врвна забава, многу подароци и насмевки за сите.

Заедно со Plazma ќе се дружиме со нашите пријатели од целиот свет во нашиот Охрид во уште едно „Слатко лето охридско со Plazma“. Ќе уживаме со Plazma, Plazmix и Wellness, а како дел од кампањата предвидени се и бројни активности.

– Топло лето, плажа, уживање, а што би можело да го направи тоа лето уште поубаво и уште послатко – па се разбира некоја вкусна слатка подготвена со највкусната Plazma. Е сега, покрај поголемите капацитети кои користат Plazma, неа ја користат и некои од најпопуларните слаткарки во Охрид, кои ја вградуваат во своите највкусни слаткарски дела. Меѓу нив е и Љубинка Стефанова која долги години наназад ги подготвува со многу љубов и посветеност. Таа одбра дел од рецептите од порталот plazmaslatkarnica.mk и за нас подготви неколку производи во кои главната улога ја има вкусната Plazma, порача популарниот водител Жанко ЗШ Голабоски.

Ова лето, заедно со Plazma имаме подготвено навистина бројни и слатки изненадувања. Ќе имаме продажба на посебно подготвени Plazma колачиња кои ќе се продаваат во Тамаро маркетите, а сите средства ќе бидат наменети за децата со Ретки болести, Plazma чаршиска слаткарница, Plazma Lake Crusing  и многу други интересни содржини.

Да уживаме заедно во уште едно неповторливо лето охридско 2023-то.

И оваа кампања е ново дело излезено од креативната работилница на Супер радио и Be 1 Digital Marketing, кои поставуваат нови стандарди во маркетингот и презентацијата на компаниите во регионот.(Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Супер радио/Be 1 Digital marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука