Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајна незгода на булевар „Туристичка“, возило удри во 67-годишна охриѓанка

Охрид, 20. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 19-ти август 2023 година, во 13:00 часот во Охрид на булевар „Туристичка“ во Охрид, патничко моторно возило марка „Ауди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од страна на 51-годишниот Д.Ј. од Гостивар, удрило во 67-годишната С.Ш. од Охрид.

– По несреќата, С.Ш. била пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде од страна на лекар биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука