Избор Култура Општина Вевчани ТОП ВЕСТИ

Спуштена завесата на 13. Фестивал на народна култура „Пображење“ во Вевчани

Вевчани, 20. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со концерт на ансамблот „Македонија“ синоќа се спушти завесата на 13-тиот по ред Фестивал на народна култура „Пображење“ во Вевчани.

Беше доделена единствената награда на фестивалот – плакетата „Чувари на изворната традиција“, која годинава им припадна на членовите на ЗФГ „Копачка“ од селото Драмче, Делчево за најуспешна презентација на традиционален изворен фолклор на фестивалот.

Фестивалот „Пображење“, покрај презентација и развој на народната култура има за цел да ги поттикне нашите македонски фолклорни друштва да истражуваат и презентираат што повеќе изворен традиционален фолклор, при што доделува плакета „Чувари на изворната традиција“ на оној ансамбал кој најдобро ќе презентира на фестивалот ваков тип на фолклор. За плакетата одлучува стручниот совет на фестивалот во состав: проф. д-р Мирјана Мирчевска, етнолог, проф. д-р Велика Стојкова- Серафимовска, етномузиколог, проф. д-р Даворин Трпевски, етнолог, Јовица Блажевски, професионален играч и пејач во ансамблот „Танец“ и Наташа Кукоска, етнолог.

Фестивалот на народна култура „Пображење“ е во организација на КУД „Дримкол“ од Вевчани, под покровителство на општина Вевчани и на општествено-одговорни фирми и организации од Вевчани. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука