Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Локализиран пожар во НП „Галичица“, кај м.в „Царина“ од преспанска страна

Охрид, 20. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во раните утрински часови пријавен е пожар на територијата на Националниот парк „Галичица“, кај местото викано „Царина“ од преспанска страна.

– Истиот е локализиран од страна на вработените во НП „Галичица“, Противпожарната единица Ресен, МВР Ресен, граничната полиција и локални доброволци. Локализираниот пожар ќе се следи и понатаму од страна на чуварите на паркот и навремено ќе известуваме за состојбата на истиот, информираат од НП „Галичица“.

Испраќаат голема благодарност до Противпожарна единица Ресен, МВР Ресен, Граничната полиција и локалните доброволци за брзата реакција. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука