Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Казни за 22 возачи во Охрид кои управувале возила со брзина поголема од дозволената

Охрид, 21. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 20-ти август 2023 година, во периодот од 17:00 до 22:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени сообраќајни контроли.

– Притоа, полициските службеници затекнаа и санкционираа 55 возачи кои, во и надвор од населено место, управувале моторни возила со брзина, поголема од дозволената од кои 22 во Охрид, 14 во Струга, 7 во Кичево и 12 во Дебар, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука