Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Вашите најубави моменти, свадби, забави, конференции и манифестации во прекрасниот амбиент на хотел „Славија“ во Slavija Beach Resort во „Св. Стефан“

Охрид, 21. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Вашите најубави моменти, забави, прослави и манифестации, поминете ги во прекрасниот амбиент на хотелот „Славија“ во Slavija Beach Resort во „Св. Стефан“.

– Имаме капацитет за одржување на секакви прослави за над 400 лица. Свадби, конференции, семинари, родендени… Сите Ваши свечености на едно место, со прекрасен поглед кон Охридското Езеро. Врвно уредена просторија со подиум за танцување, паркинг за 150 автомобили и приватна плажа, порачуваат луѓето кои стојат за проектот.

Станува збор за местото кое е едно од оние кои кај охриѓани будат најубави спомени на едно друго и убаво време. Лоцирана на еден од најубавите делови на брегот на Охридското Езеро, гостите во текот на летото уживаат со прекрасно уредената плажа, со вкусна скара и пијалоци.

Информации и резервации на 071/331-607, а сите новитети, програмата и понудата можете да ги следите и на нивните профили на Facebook и Instagram. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Be 1 Digital Marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука