Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

ЦЈЗ Охрид: Да се почитуваат препораките за заштита од топлотниот бран

Охрид, 22. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Топлото време и високите температури кои ги чувствуваме овие денови, како институција која се грижи за јавното здравје, не’ обврзува да Ве потсетиме  за сериозно почитување и придржување кон општите препораки за заштита од топлотен бран, апелираат од Центарот за јавно здравје Охрид.

– Во таа насока, а со цел намалување на ризиците и спречување на штетните ефекти од надворешните топлотни влијанија предизвикани од високите температури врз здравјето на луѓето, во овие топли летни денови, за сите оние ранливи категории на граѓани: стари лица, хронично болни, лица со хендикеп, лица со зголемена телесна тежина, бремени жени, доенчиња, кои имаат потреба од лабораториски микробиолошки услуги, Центарот е на располагање со мобилни екипи подготвени да Ве посетат во Вашиот дом во Охрид за да ги обават потребните административни формалности и да ги земат соодветните материјали за микробиолошка анализа, а по завршување на анализата, да Ви ги достават соодветните наоди/резултати. Доволно е да поседувате уредно издаден упат од вашиот матичен лекар и да се јавите на еден од нашите телефони 046/231-030 или 078/488-262, секој работен ден, најдоцна до 13:00 часот, каде ќе дадете податоци за Вашата адреса и видот на микробиолошката анализа која треба да се изврши, согласно упатот од матичен лекар, потенцираат од Центар за јавно здравје Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука