Избор Локална самоуправа Спорт ТОП ВЕСТИ

Пецаков: На Охрид одамна му требаше настан како Ohrid water festival

Охрид, 22. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Почетокот на социјално едикативниот дел од Ohrid Water Festival ни беше потврда дека на Охрид одамна му требаше ваков фестивал, напиша на неговиот официјален Facebook профил градоначалникот, д-р Кирил Пецаков.

Тој не го крие задоволството дека уште од самиот почеток на фестивалот охриѓани и гостите имаат позитивни впечатоци.

Покрај забава и натпреварувачки дух, дел од настаните имаат и хуманитарен карактер, па така, финансиските средства собрани од котизација на учесниците на Водените лудории беа донирани на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Зраци“.

– Наша задача е од година во година овој фестивал да го надградуваме и развиваме во убава традиција на Охрид, вели Пецаков. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука