ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Oхриѓанката Христијана Парулеска го освои бронзениот медал на Светското таеквондо ИТФ првенство во Астана, Казахстан

Охрид, 24. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Европската кадетска шампионка во традиционално Таеквондо, охриѓанката Христијана Парулеска го освои бронзениот медал во спаринг борби – јуниорки 14-15 години на Светското таеквондо ИТФ првенство во Астана, Казахстан.

Ова е уште еден огромен успех за младата Христијана Парулеска, која се закити со титулата европска шампионка во спаринг борби и на Европското првенство во таеквондо ИТФ, кое се одржа во Језоло, Италија.

Парулеска во првиот меч славеше против натпреварувачкаta од Русија, а потоа и против репрезентативкиte на Канада, Грција и Узбекистан. Во Казахстан се Парулеска, црн појас I дан, Давид Крстески црн појас I дан и Елена Јанеска црн појас I дан кои се искусни натпреварувачи и Европски медалисти. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука