Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Утре нуркање за деца со НЦ „Амфора“ во посебен базен пред хотелот „Палас“

Охрид, 23. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Најмладите утре ќе имаат можност да навлезат во тајните на нуркањето во посебен базен во дворот на хотелот „Палас“ со нуркачите од Центарот „Амфора“, како дел од активностите на Ohrid water festival.

– Децата ќе бидат опремени со модерна опрема прилагодена специфична за нивната возраст во строго контролирани услови. Пред да се започне со активноста, ќе има обука на која децата ќе се запознаат со нуркањето и нуркачката опрема. Во текот на нуркањето ќе се направат подводни фотографии и видео и ќе се доделат дипломи. Настанот е поддржан од Општина Охрид, Флуид Проект – Скопје, Scubapro и Scuba Schools International, информираат од Нуркачкиот центар „Амфора“.

Додаваат дека нуркањето е бесплатно за сите учесници кои задолжително треба да дојдат со родител/старател, а пријавувањето на кандидатите ќе може да се изврши преку нивната Facebook страна или на телефонот 071/359-810. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука