Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Стартува вториот Меѓународен ракометен турнир „Крсте Андоновски“

Охрид, 23. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денес стартува второто издание на Меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“, под покровителство на Општина Охрид.

Ќе трае до сабота, учествуваат осум екипи, меѓу кои учесници во Лигата на шампиони и СЕХА лигата, како и актуелни шампиони на своите држави, распоредени во две групи. Покрај домаќините ГРК Охрид, на турнирот учествуваат и ракометните клубови Еурифарм Пелистер, Бутел, Голден Арт, Бешикташ, Олимпијакос, Металопластика и Татран Прешов.

Натпреварите ќе се играат во четири термини 11:00, 13:15, 18:00 и 20:15 часот.

May be an illustration of soccer, football and text that says 'распоред HA натпревари 23.08.23 (среда) 11:00 бешикташ голден арт 13:15 еурофарм пелистер- бутел 17:40 свечено отворане турнирот 18:00 охрид олимпилакос 20:15 металопластика татран прешов 24.08.23 (четврток) 11:00 металопластика бутел 13:15 охрид голден арт 18:00 бешикташ олимпијакос 20:15 пелистер татран прешов 25.08.23 (петок) 11:00 голден арт олимпијакос 13:15 татран прешов- бутел 18:00 пелистер металопластика 20:15 охрид бешикташ INTERNATIONA KRSTE ANDONOVSKI 26.08.23 (сабота 11:00 натпревар 7мо место натпревар место 18:00 натпревар за вто место 20:15 финале охрид, спортска сала,биланини извори" 23 26.08.2023 карта за еден меч 100 ден. блок карти за цел турнир 500 ден.'

Карта за еден меч чини 100 денари, а блок карти за целиот турнир 500 денари. Истите ќе можат да се купат на билетарата при спортската сала „Билјанини извори“.

Снимки од натпреварите ќе се емитуваат секој ден на МТВ 3, после 22:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука