Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

СДСМ Охрид: Стиропор во столбовите на охридската гимназија, го носи ли ДПМНЕ „Скопје 2014-та“ и во Охрид!?

Охрид, 23. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – ДПМНЕ, дали столбовите на оградата од охридската гимназија изобилуваат со стиропор!? Дали се обидувате да го донесете стиропорот од тоа вашето „Скопје 2014-та“ и во Охрид, прашуваат од ОО на СДСМ од Охрид.

– Итно да престанете да чепкате по културно-историските споменици ако не умеете да им го зачувате ликот и вредноста. Охридската гимназија претставува споменик на културата и е стожер на образованието во Охрид. Вредноста на зградата на охридската гимназија е од значење за секој еден охриѓанец, кој емотивно е поврзан како со изгледот така и со приказната која ја крие овој културно-историски споменик. Но е и од светско значење, заштитено и зачувано. За сега некој да ја разнебитува!? Околу 5 милиони денари вредност на проектот, пари кои не се лична своина на ДПМНЕ туку пари од МОН и дел од општинскиот буџет наполнат од граѓаните, за што ли ги дадовте локалци? За СТИРОПОР во столбовите на оградата која ПОМПЕЗНО ја обзнанивте како да сте направиле светско чудо? Со што ли го замајувате народов? Покажува ли стиропорот што се обидувавте да протнете? Овој стиропор ли чини 5 милиони денари? Нели имате малку совест и почит кон културните добра? Спротивно и од мислењата на надлежните институции си ја озибличивте оградата со стиропор, кој би знаел која лична цел сакате да ја оправдате и исполните!? Вака не се чува идентитет! Охрид има своја приказна! Ако не знаете да ја раскажувате, поарно и не ја почнувајте, стои во реакцијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука