Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Вечерва промоција на стихозбирката „Празно место“ од Снежана Стојчевска

Охрид, 23. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва од 19:00 часот во КИЦ „Култура 365“ ќе се одржи промоција на стихозбирката „Празно место“ од поетесата Снежана Стојчевска.

Промотор на книгата ќе биде Марина Икономова Шокева, а организатор на настанот е здружението „Креативна верига“.

Снежана Стојчевска (1980) дипломирала на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје. Застапена е во повеќе антологии и книжевни списанија. Ги има објавено следниве книги: „Шеќер по подот“ (2012, ИЛИ-ИЛИ), „Под нулата“ (2013, награда „Бели мугри“ што ја доделува Домот на културата Кочо Рацин – Скопје), „Модри фантазии“ (2015, Темплум), „Треба да е лесно“ (2017, Антолог), „Ќе се завијам во песни“ (2019, МИ-АН) и „Празно место“ (2022, Современост).
Од почетокот на 2018 година е ангажирана како извршен уредник на списанието за литература, култура и уметност „Современост“. Истата година станува дел од европската платформа „Версополис“. Во 2019 се јавува како приредувач и уредник на арт-панорамата „Допир“, во издание на Арт Еквилибриум, Гевгелија. Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Беше дел од организацискиот одбор на првото издание на Скопскиот поетски фестивал (2021).

Од април 2022 година ја извршува функцијата директор на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒ Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука