Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Свечено доделени дипломите на матурантите во OЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ (Фото)

Охрид, 24. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во дворот на OЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, синоќа се одржа свечено доделување на дипломите на матурантите од генерацијата 2022-2023 година.

Пред матурантите, но и нивните родители и бројните гости, на настанот се обрати директорот на училиштето Сашо Недески, кој им додели пофалници на најдобрите матуранти.

Петар Цаноски е првенец на генерацијата 2022/2023 година, а доби и пофалница за континуиран одличен успех и примерно поведение. Дамјан Цветкоски, Петар Гогов, Петар Каланоски, Никола Гогов и Јана Пауноска добија пофалници за континуиран одличен успех и примерно поведение.

Свој поздравен говор имаше и првенецот на генерацијата Петaр Цаноски, а настанот беше збогатен со музички точки кои ги изведоа учениците Јана Протуѓер и Мухамед Асан, кои беа под раководство на професорите Жармена Китрозоска и Славчо Китаноски.

Програмата ја водеа учениците Бобан Кочески и Ана Новеска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука