ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Внимателно по пешачката патека кон „Горица 1“, падната е поголема гранка кај поранешниот ресторан „Парк“

Охрид, 25. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Доколку уживате во утринската прошетка по пешачката патека кон „Горица 1“ и натаму, внимавајте на потегот кај поранешниот ресторан „Парк“ каде е падната поголема гранка покрај патот.

Релативно силниот ветер кој периодични дуваше синоќа најверојатно придонесе за да се скрши гранката.

Граѓаните апелираат до одговорните да се расчисти потегот во најкус можен рок за да се избегнат евентуални повреди и несакани последици. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука