Избор Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Бурно деноноќие во Охрид и Струга, четири случаи на физички пресметки

Охрид/Струга, 26. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Билтенот на МВР носи информации за бурно деноноќир во регионот на Охрид и Струга, со четири случаи на физички пресметки.

На 25-ти август 2023 година, во 20:50 часот во СВР Охрид е пријавено дека 47-годишен охриѓанец бил физички нападнат од страна на две лица  од Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26-ти август 2023 година, во 02:05 часот во Полициската станица во Охрид, 31-годишно лице од Охрид пријавило дека на 25-ти август 2023 година, околу 22:15 часот, во близина на бензинска станица во Охрид бил физички нападнат од страна на лице од Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 25-ти август 2023 година, во 11:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во охридското село Горно Лакочереј, по претходно недоразбирање бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две лица од една и друго лице од друга страна, сите од селото Горно Лакочереј. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 25-ти август 2023 година, во 20:30 часот во ОВР Струга 44-годишно лице од скопското село Љуботен, пријавило дека околу 19:00 часот на плажа во Струга тој заедно со негов роднина и нивните деца, по претходно недоразбирање, биле физички нападнати со тврд и остар предмет од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука