ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Локална самоуправа Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Алесио Окипинти од Италија е победник на Охридскиот пливачки маратон, Каролин Жуис од Франција најбрза во женска конкуренција

Охрид, 26. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Италијанскиот пливач Алесио Окипинти, кој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид ја исплива со време од 04:53:14 часа, што е нов рекорд на патеката, е победник на 36-тиот Охридски пливачки маратон.

Во женска конкуренција најбрза беше французинката Каролин Жуис, која целната линија ја мина со време од 05:05:59 часа.

Првите честитки на победниците на целта на Кејот на Охридското Езеро им ги упатија претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски, како и градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков.

– Уште еднаш покажавме дека како организација имаме капацитет за успешна организација на Охридскиот пливачки маратон и уште поголема желба за негово искачување на повисоки скалила. Охридскиот пливачки маратон бил, е и ќе остане празник за Охриѓани, порача Пецаков.

Истакнувајќи дека сите 15 учесници, придонесуваат за афирмацијата на Охридскиот пливачки маратон, претседателот Пендаровски им упати честитки на пливачите за успешно завршената трка и им посака уште многу успешни пливачки предизвици.

Од македонските пливачи, најбрз беше Евгениј Поп-Ацев, кој целта ја мина како петтопласиран. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука