Избор Култура Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Поетска средба „Разговор со акад. Павле Горановиќ“ како дел од Научната и уметничка визита 2023

Охрид, 27. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на Научната и уметничка визита 2023, која се одржува во Куќата на Уранија во Охрид, денеска ќе се одржи поетска средба „Разговор со акад. Павле Горановиќ“, член на Црногорската академија на науките и уметностите.

Научната и уметничка визита 2023 започна на 28-ми јули 2023 година, со изложбата на дела од колекцијата на ликовниот уметник Славко Упевче, инспирирани од Св. Наум, по што на 10-ти, 11-ти и 12-ти август 2023 година се одржа лингвистичка работилница „Дијалектна обработка на македонскиот јазик“ на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при МАНУ.

– На 25. и 26. август 2023 година се одржа синолошка конференција за кинескиот јазик, литература и култура на Одделението за лингвистика и литературна наука на МАНУ. Во текот на август ќе се одржи и промоција на изданието посветено на научноистражувачката работа на Акад. Алајдин Абази по повод 80 години од неговото раѓање на одделението за технички науки на МАНУ, а од 29. август до 2. септември 2023 година ќе се одржи „Охридска школа на природното право“ на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ со поддршка на Амбасадата на САД во Република Македонија, информираат од Научниот и уметнички центар „Куќа на Уранија“ – МАНУ, Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука