Забава Избор

Dave & Central Cee го претставија заедничкото EP „Split Decision“

Охрид, 29. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Популарните британски рапери Dave и Central Cee во јуни оваа година го претставија заедничкото EP наречено „Split Decision“.

Изданието содржи 4 песни, вклучувајќи го и хит-синглот „Sprinter“ кој стана вирален на социјалната мрежа TikTok и собори многу рекорди на музичките топ листи на глобално ниво.

„Split Decision“ ги освојува срцата на обожавателите ширум светот, а веќе доби сериозни пофалби од музичките критичари кои најмногу коментираат дека изданието ги истакнува сите способности на младите рапери, а истовремено ја покажува и вистинската хемија меѓу нив. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука