Избор Локална самоуправа Охрид

Се поставува атмосферска канализација на пресекот од улиците „Петрино“ и „Кленоец“

Охрид, 23. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на ЈП „Нискоградба“ од Охрид започнаа со градежни активности на изведба на атмосферска канализација на пресекот од улиците „Петрино“ и „Кленоец“.

– Должината на трасата изнесува 425 метри, ќе се поставуваат цевки со дијаметар Ф315 и ф250. Градежниот зафат изнесува 3.901.622 денари, а средства се обезбедени од буџетот на Oпштина Oхрид, информираат од локалната самоуправа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука