Забава Избор

Роксан Казанова aka D.R Roko Kazanova ја сними новата песна „Во немир и страст“ (Видео)

Охрид, 3. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Откако во декември минатата година ја сними „Ах, Миа Дона“, а неодамна беше дел и од проектот на „Жал за Ефтина“ на Пука Козметика, охридскиот музичар Роксан Казанова, сега познат и како D.R Roko Kazanova има нова песна наречена „Во немир и страст“.

– „Во немир и страст“ е песна со ориентални и латино примеси во која ни е прикажан немирот кога возбудата ќе ги надмине своите граници. Ова е песна во која се поставува она фамозно прашање – да или не, песна за похрабрите, вистинските и оние кои знаат да ризикуваат во својот живот. Бидејќи сум на својот залез и до вчера размислував да се одкажам, денес нешто ми вели never give up. Песната нека биде еден убав дар и спомен на мене и од мене. Можеби нема да пеам многу, но знам дека за љубов и со љубов ќе пишувам до последниот ден, додека не ја ставам мојата последна точка. Уживајте во оваа мелодична песна која мислам дека подеднакво ќе и се допадне и на машката и на женската популација, вели D.R Roko Kazanova за Супер радио и OhridPress.

Додава дека песната е снимена за MWP Продукција на музика на Budja records со Наум Долоски Мече. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука