Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и температура до 29. степени

Охрид, 4. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до силен северен ветер.

UV индексот ќе биде 6, а максималната температура ќе се искачи до 29. степени.

– Под влијание на влажен бран денес времето ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и повремено проследени со грмежи. Ќе дува засилен северен ветер (над 60км/ч.) што ќе услови значително намалување на дневната температура претежно за претежно од пет до десет степени. Во вторник ќе преовладува умерено облачно време со услови за локален слаб до умерен дожд со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од североисточен правец. Во деновите потоа ветерот ќе ослабува и ќе се задржи стабилно, но посвежо, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука