Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридска промоција на книгата „Зад нас“ од Наташа Андрееска

Охрид, 7. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва ќе се одржи охридската промоцијата на книгата „Зад Нас“ од Наташа Андрееска, одговорен уредник на Македонско Радио, прва програма.

Книгата представува збирка на нејзините радио колумни, инспирирани од секојдневниот живот и случувањата во опшеството. Истите на задоволство на слушателите, со години се емитуваат на програмата на првата програма на Македонското радио. Најновото нејзино дело претставува институционална меморија и архива за културниот, политичкиот и социјалниот идентитет.

Ова дело ни покажува дека сме само патници кои незапирливо патуваат во возот наречен време, а единственото вредно е она што го создаваме и го оставаме зад нас.

Слушателите ја препознаваат Андрееска и по нејзините авторски емисии „Интерзона“, „Боите на Македонија“, „Тука околу нас“, „Мислам значи постојам“ и многу други. Автор е на книгите „Размисли” и „Тука околу нас”.

Промоцијата ќе се одржи во Градската библиотека „Григор Прличев“ со почеток во 19:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука