ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Се санираат последиците од пожарот кој рано утрово избувна во објект кај Градскиот Пазар (Фото)

Охрид, 7. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Рано утрово, околу 05:00 часот, избувна пожар во центарот на градот, кај Градскиот пазар, на уличка која од плоштадот кај стариот чинар води до пазарот.

Истиот беше успешно изгаснат од страна на екипи на охридската територијална противпожарна единица.

Екипа на OhridPress утрово беше на местото на настанот каде беше присутна екипа на охридската полиција и се санираа последиците од немилиот настан.

Според првите, неофицијални информации, пожарот избувнал во угостителски објект, а во истиот нема повредени лица. Причинета е поголема материјална штета. (Крај)

извор: Охрид 1 фото: ТППЕ Охрид/ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука