Забава Избор

Дарко Андонов- ДААН ја промовираше новата песна „Мојот свет“

Охрид, 11. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Дарко Андонов или познат како ДААН ја промовира својата нова песна „Мојот свет“.

Станува збор за новото дело на младиот текстописец, аранжер и продуцент кој е зад микрофонот повеќе од 20 години со повеќе песни кои се изведувани на фестивали, настани или преку ТВ и радио станиците.

Тој е комплетен автор на новата песна во соработка со Кире Јакимов, кој помогна за мастерингот на песната.

– Живееме во едно специфично време каде што вистинските вредности се сѐ повеќе потиснати од алчноста, себичноста и специфичниот начин на новото модерно живеење, во што голема улога имаат политиката, социјалниот немир меѓутоа и социјалните мрежи, без кои нормално веќе не можеме да функционираме, вели ДААН за новата песна. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука