Забава Избор

Амстердам со 4 годишен план, 2,2 милиони евра и 15 нови мерки ќе ја подобрува индустријата за ноќен живот во градот

Охрид, 11. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Амстердам се подготвува да воведе четиригодишен план и поддршка од 2,2 милиони евра која вклучува „15 нови мерки“ за подобрување на индустријата за ноќен живот во градот.

Ќе се работи со програмери, сопственици на имот и приватни лица кои ќе можат да ги пренаменат своите простории во привремени или постојани повеќенаменски сали. Новите простори ќе бидат и звучно изолирани за да се ограничат поплаките за бучава во станбените области.

Во текот на следните четири години, програмата ќе ги поддржува и младите креативци преку нов фонд за менторирање на следната генерација професионалци за ноќен живот.

Предвидени се и работилници во ноќните клубови во текот на денот, кои ќе нудат курсеви за диџеи, програмери или семинари за технологија за звук и осветлување. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука