Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Свети Александар, Јован и Павле, патријарси Цариградски

Охрид, 12. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат денот кој не потсетува на страдањето на Свети Александар, Јован и Павле, патријарси Цариградски.

Александар учествуваше на I Вселенски Собор во Никеја, наместо престарениот патријарх Митрофан, когошто потоа го наследи. Kога некои философи сакаа да се препираат со него за верата, на едниот од нив му рече: „Во името на мојот Господ Исус Христос ти заповедам да замолкнеш!“ И во тој миг философот онеме.

Со својата молитва и на Ариј тој му го прекина животот. Се упокои на возраст од деведесет и осум години, во 340 година. Свети Јован Постник управуваше со Црквата во времето на злиот цар Анастасиј, еретик акефалит. Се упокои во 595 година. Свети Павле IV управуваше со Црквата пет години и осум месеци.

Од престолот се одрече откако тајно прими схима, за да се покае за гревот што најпрво се согласи со иконоборците. Му беше претходник на големиот Тарасиј, а се упокои во времето на Ирина и Константин, во 784 година. (Крај)

извор: Слободен печат фото: Слободен печат

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука