Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Блогер од Порторико во Македонија, ги посети и Охрид и Вевчани: Имате најубаво знаме и добри луѓе

Скопје/Охрид, 12. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Луис е младо момче од Порторико, машински инженер по професија кој пред неколку години решава да ја напушти техничката кариера и да стане блогер.

По две години работа за „Наса“, решава да почне да ја живее неговата лична пасија – патувањето и своите патувачки искуства да ги сподели на инстаграм и во медиумите. И веројатно направил правилна одлука, затоа што неговите видеа на инстаграм имаат стотици илјади прегледи, а секојдневно ударните локални медиуми во ударните термини пренесуваат интервјуа со него.

Порториканецот кој живеа насекаде низ светот минатата недела тој беше во Македонија, каде ги посети Скопје, Охрид и Битола. Вели дека Македонија има едно од најубавите знамиња во светот, убава архитектура, статуи и највкусна храна.

Во разговор за Скопје Инфо тој раскажува за одлуката да патува во овој дел од светот, кој е далеку од неговиот дом, раскажува и за луѓето, импресиите, храната и патувањето.

Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)

извор: Скопје Инфо фото: Скопје Инфо

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука