Економија Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Десет години Форт кафе, местото кое ја раскажува градската приказна на Охрид

Охрид, 21. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охридското Форт кафе денеска прославува 10 години успешна работа. Местото кое го има еден од најубавите погледи кон Охрид, под Самуиловата тврдина, веќе цела деценија е изборот на многу охриѓани за одмор и уживање.

– Форт ја раскажува градската приказна на Охрид, времето на нашите предци и нивниот начин на живот. Форт е душата, традицијата, спомените на нашите семејства. Целата приказна, традиција, семејни вредности, ја раскажуваме на еден поинаков, потопол, поавтентичен, поуникатен начин, со што го претставуваме Охрид каков што е во суштина. Охрид е, традиција, култура, богатство, дух, љубов… Охрид е питом, мал а голем, полн со приказни со вистински вредности, град кој раскажува ако го слушаш, град кој пее ако знаеш да му ја слушнеш песната, град на уметноста, град на светлината, град на мирот, спокојот, тишината, верата, надежта и љубовта, порачуваат од Форт кафе.

Уникатни по уреденоста, понудата и пристапот кон гостите.

Да се множат годините и успесите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Be1 Digital Marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука