Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Младите актери со театарската претстава „Бара“ уште еднаш наградени со бурен аплауз од охриѓани

Охрид, 21. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Уште еден прекрасен настап настап на театарската група на Црвен крст Охрид со театарската претстава „Бара“ во режија и авторство на Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Јованка Сион- Доленц.

– Талентираните млади актери-волонтери на Црвен крст Охрид вчера, пред охридската публика, која ја исполни салата во Центарот за култура „Григор Прличев“ на реален и креативен начин ги прикажаа животните судбини и предизвици на жртвите на еден систем со нарушени вредности, борбата на човекот со различни искушенија и неправди поминувајќи по тежок пат исполнет со очај и рамнодушност, лутајќи во лавиринтот на безнадежноста во потрага за подобро утре и подобри ние. Силен одекна нивниот крик и повик за будење и потреба од достоинствен живот во својата земја, порачуваат од охридскиот Црвен крст.

Претставата „Бара“ театарската група на Црвен крст Охрид премиерно ја изведе на отворањето на овогодинешниот Аматерски младински театарски фестивал „Вдиши театар“ во јуни, а во септември 2023 година имаше свое гостување и во Требиње, Босна и Херцеговина. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука