Забава Избор

SUPER Fresh music: Connan Gray – Winner

Охрид, 18. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Младиот кантавтор Connan Gray ја објави емотивната балада наречена „Winner“, која доаѓа по успехот на претходниот сингл „Never Ending Song“ кој веќе има над 40 милиони стримови на глобалните музички сервиси.

– Ја напишав во два часот по полноќ кога сите емоции се излеаја од мене пред клавирот. Се надевам дека оваа песна ќе им помогне на луѓето да најдат малку од таа слобода, вели Connan за новата песна.

Периодов наназад тој се етаблира како еден од највлијателните поп-уметници и кантавтори на неговата генерација.

Неговиот хит сингл „Heather“ ја обликуваше Gen Z културата низ целиот свет, додека во 2020 година неговиот деби албум „Kid Krow“ стигна до петтото место на глобалната топ 200 Billboard листа.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука