Симпозиум за современата парадигма во оралната и имплантната хирургија во Охрид
Охрид, 22. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Здружението на специјалисти по орална хирургија (МСД), денеска, во хотелот „Unique“ во Охрид ќе се одржи симпозиум со меѓународно учество на тема „Современа парадигма во оралната и имплантната хирургија – Помалку е повеќе“.
На симпозиумот кој ќе започне со работа во 10:00 часот, за првпат ќе бидат актуелизирани орални манифестации на заболувањата: целијакија и интолеранција на храна, и воедно ќе биде на највисоко стручно ниво дискутиран современиот пристап кон терапијата на овие пациенти од бралнохируршки аспект. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |