Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

МВР: Од Клиниката за кардиологија пријавено дека поранешниот директор Јовев физички го нападнал актуелниот Марјан Шокаровски

Скопје, 18. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката за кардиохиругија, денеска во 10:00 часот пристигнала пријава дека поранешниот директор на кардиохирургија, доктор Сашко Јовев вербално нападнал медицинска сестра и физички го нападнал актуелниот директор Марјан Шокаровски.

Во соопштението, уште се наведува дека и тој самиот отишол во Полициска станица и го пријавил случајот.

Доктор Јовев за Фокус денеска истакнал дека „не е точно дека тој нападнал“.

– Нападот е најдобра одбрана. Практично, јас пријавив вербален напад и само буткање во кое имам повреда на окото од лупите на колегата. Тој што сум пријавил сум јас. Се’ друго може да е монтажа, како и таа досега во последните неколку месеци. Јас лежам на кардиологија заради стрес. Инаку, сум жртва на секојдневен мобинг, истакнал Јовев за Фокус,

Пред неколку месеци, актуелниот министер Фатмир Меџити го разреши доктор Јовев од директорската функција на Клиниката за кардиохирургија, а на него место дојде доктор Марјан Шокаровски. (Крај)

извор: Фокус/Ирена Мулачка фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука