Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 26. степени

Охрид, 21. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен, повремено засилен ветер претежно од југозападен правец. Попладне ќе има локална појава на локален дожд.

Максималната температура ќе се искачи до 26. степени.

– До сабота ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Особено топло ќе биде во петок и во сабота. Утре попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а во недела под влијание на влажен бран се очекува на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука