Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Денеска е 21-ви септември, Светски ден на мирот

Охрид, 21. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се одбележува Меѓународниот ден на мирот, познат и како Светски ден на мирот, ден кој е одобрен и од Обединетите нации, а се одбележува секоја година на 21-ви септември.

Тој е посветен на мирот во светот, а особено на отсуството на војна и насилство, што може да биде резултат на привремен прекин на огнот во борбените зони за пристап до хуманитарна помош.

Денот за прв пат бил прославен во 1981 година и го одбележуваат многу нации, политички и воени групи и луѓе. Во 2013 година, Генералниот секретар на Обединетите нации денот го посветил на образованието за мир, клучното превентивно средство за одржливо намалување на војната.

За да се инаугурира денот, Ѕвоното на мирот на Обединетите нации одѕвонува во Седиштето на ООН во Њујорк. Ѕвоното е направено од монети донирани од децата на сите континенти, освен Африка, и било подарок од Здружението на Обединетите нации во Јапонија, како „потсетник за човечката цена на војната“. На него е напишано „Да живее апсолутниот светски мир“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука