Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Охрид, 56 литри на м²

Охрид, 26. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) на Република Македонија, во текот на изминатите 24 часа во Охрид наврнаа 56 литри на метар квадратен воден талог.

– Во изминатите 24 часа до 08:00 часот е наврнат воден талог (во l/m2) 56 Охрид, 24 Дебар, 19 Претор, 5 Битола, 3 Попова Шапка и 2 во Тетово и Крушево, соопштија од УХМР.

Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 25. степени.

– Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, а температурите ќе бидат во рамките на просечните за овој период од годината, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука