Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Трибина за насилството во училиштата во ООУ „Григор Прличев“

Охрид, 27. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Секоја година од 21-ви до 27-ми септември се одбележува неделата на Промоција на хумани вредности (ПХВ) со цел промоција на мирот, толеранцијата, соживотот и ненесилството.

Оваа година се организира трибина на којашто ќе се зборува за булингот, насилството во училиштата, видиливото и скриеното, и ќе се стави акцент на постоењето на тоа насилство и на начините на коишто тоа може да се превенира и стопира.

Охридскиот Црвен крст ќе ја одржи оваа трибина денеска, среда, 27-ми септември 2023 година во ООУ „Григор Прличев“, со почеток во 13:00 часот.

– Ги покануваме заинтересираните ученици, наставници, родители и други граѓани да ја посетат трибината, порачуваат од Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука