Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Охрид е хуман, отворен број за донации и преку операторот А1 за помош на нашиот Алпај (Џани) Муфти

Охрид, 27. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани уште еднаш со бројни акции се организираат во знак на поддршка и помош на младиот Алпај (Џани) Муфти, кој има потреба од операција по сообраќајна незгода.

Отворен е број за донации и преку мобилниот оператор А1. Сите кои сакаат и можат да помогнат, истото можат да го направат преку вртење на телефонскиот број 077/143-468. Донации и на бројот од Телеком 070/143-424.

Семејството на 27-годишниот Алпај (Џани) Муфти од Охрид испраќа апел за помош до сите добронамерни луѓе и огромна благодарност до сите кои веќе помогнаа.

Може да се донира и преку Gofundme на следниот линк.

Информации за донации можете да добиете и на телефонот: 076/337-337. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука