Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Нов сообраќаен режим на улицата „7-ми Ноември“

Охрид, 28. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од Општина Охрид ги известуваат сите учесници во сообраќајот, дека поради изведување на градежни активности, почнувајќи од денес, 28-ми септември 2023 година, дел од улицата „7-ми Ноември“, на потегот од крстосницата со улицата „Марко Нестороски“ (кај Крст џамија), па се’ до крстосницата со улицата „Васил Главинов“ (кај хотел „Кам“) ќе биде целосно забранета за сообраќај.

– Сообраќајот ќе се пренасочи по улицата „Марко Нестороски“ и улицата „Васил Главинов“. Исто така се извесутваат учесниците во сообраќајот дека товарниот и автобускиот сообраќај на улицата „7-ми Ноември“ се пренасочува преку улицат „Питу Гули“ (кај стара бензиска пумпа), додека дел од улица „Егејска“ кој гравитира према улица „7ми Ноември“ ќе биде затворен за сообраќај, а сообраќајот се пренасочува преку улицата „Охридска Бригада“. Се молат учесниците во сообраќајот во наредниот период да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи на овој дел од градот и доколку постои можност останатиот дел до улицата „7-ми Ноември“ и околните улици помалце да се користат, информираат од Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука