ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Да му помогнеме на Алпај (Џани) Муфти, од денеска можност за донирање и преку Gofundme

Охрид, 26. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Сите хумани луѓе кои живеат надвор од Република Македонија можат да помогнат во собирањето на средства за операција на 27-годишниот Алпај (Џани) Муфти од Охрид и преку Gofundme.

Истото може да се направи преку следниот линк.

Во меѓувреме, охриѓани најавуваат организирање на бројни индивидуални и заеднички акции за собирање средства за помош на својот сограѓанин.

Семејството на Алпај неодамна испрати апел за помош до сите добронамерни луѓе во Охрид, Република Македонија, но и ширум светот.

– Kобна сообраќајка му го смени животот на Алпај, младо момче на 27 години, скромно, воспитано, љубезно дете од прекрасно семејство. Тој неодамна се здоби со сериозни повреди, кои се опасни по живот, заради што е сместен во болницата „Систина“ во Скопје каде две недели беше во кома. Потребата од повеќе хируршки интервенции и процесот на лечење кој е бавен, носи високи трошоци, кои семејството не може целосно да ги подмири и затоа е потребна помош. За Алпај од срце, порачуваат организаторите на акцијата за помош.

Отворени се и телефонски броеви за донации:

– Телеком 070/143-424

– А1 077/143-468

Трансакциска сметка за донации:

Ozdizhan Mufti

за Македонија:
270-7000234130-33 Halk Banka

за странство:
IBAN code MK07270700027498188
SWIFT EXPCMK22

Информации за донации можете да добиете и на телефонот: 076/337-337.

Охрид може, Охрид е ХУМАН! Да помогнеме заедно и да спасиме еден млад живот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука