Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Кампањата „Ние сме Европа“ доаѓа во Охрид, ќе се разговара за развој на туризмот и заштита на животната средина

Охрид, 28. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Кампањата „Ние сме Европа“ доаѓа во Охрид, каде во рамките на шестиот настан ќе се разговара за развој на туризмот и заштитата на животната средина.

– Во рамки на напорите на Владата на Република Македонија, за исполнување на стратешката цел – полноправно членство во Европската Унија, Секретаријатот за европски прашања како дел од кампањата „Ние сме Европа“ организира серија настани во повеќе градови низ државата, под мотото „Саем на европски вредности“. Настаните се од информативен карактер и имаат за цел да го продлабочат дијалогот со граѓаните за можностите и придобивките кои ги нуди пристапувањето и членството во ЕУ. Кампањата „Ние сме Европа“ предводена од Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, се реализира во 8 градови низ државата и тоа: Прилеп, Битола, Куманово, Охрид Скопје, Струмица, Тетово и Штип, во рамки на што се организираат трибини и средби со граѓани, кои соодветно за секој од градовите, обезбедуваат информации и отвораат точки за дискусија на неколку теми и тоа: земјоделство, култура, енергетика, туризам, економија, млади, инфраструктура и социјала, информираат од Секретаријатот за европски прашања и Владата на Република Македонија.

Додаваат дека ги афирмираат и промовираат европските вредности, во време на важни одлуки за продолжување на пристапниот процес во ЕУ, кои не’ засегаат сите нас, граѓаните и тоа во духот на демократијата, мултикултурализмот, владеењето на правото, почитувањето на фундаменталните и човековите права, итн.

Отворената трибина ќе се одржи во петок, на 29-ти септември 2023 година, со почеток во 18:00 часот, на платото пред „Долна Порта“ во Охрид. Ќе се обратат Бојан Маричиќ, Вицепремиер за европски прашања, Каја Шукова, Министерка за животна средина и просторно планирање. Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот и Грегор Прескер, амбасадорот на Република Словенија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука