Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Висока делегација од Република Полска во посета на Општина Охрид

Охрид, 28. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Делегација од Република Полска која беше составена од владини претставници и претставници на бизнис секторот и стопанската комора денеска оствари средба со градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков.

– На состанокот исто така беа присутни и генералните менаџери на најголемите компании во охридскиот регион, како и претставници на туристичкиот сектор во градот и претставници на агенцијата за промоција на туризмот. Средбата која се одржа на моја иницијатива беше искористена за размена на идеи и мислења, како и понуда на конкретни соработки во повеќе области. Тука се разговараше за овозможување на услови за привлекување на полски инвеситции во делот на управување, селектирање и рециклирање на комунален и друг вид на отпад, инвестиции во енергетската област. Понатака стана збор и за директно поврзување на Општина Охрид со некои општини во Полска, преку потпишување на меморандуми за соработка од кои ќе произлезат соработки во областа на културата и образованието, информираат од Општина Охрид.

Додаваат дека на средбата се разговарало и за унапредување на веќе добарата соработка во областа на туризмот, пришто од страна на претставникот на агенцијата за промоција на туризмот беа презентирани бенефициите кои би ги имале полските туроператори доколку работат на македонскиот пазар.

– Наша тенденција е ваквите средби да бидат чести бидејќи преку директните поврзувања произлегуваат нови идеи и инвестиции, но и се отвора патот за поголем развој на бизнисите од Охридскиот регион, потенцираат од локалната самоуправа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука