Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Акција на Супер радио за помош на Алпај (Џани) Муфти: Рекламен пакет за компаниите во вредност од донацијата

Охрид, 29. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Сите компании кои ќе донираат пари за помош на 27-годишниот Алпај (Џани) Муфти од Охрид на кого му е потребна итна операција, од Супер радио ќе добијат комплетен рекламен пакет во таа вредност, заедно со банери и соодветна промоција на OhridPress и Inpress.

– Охриѓани се хумани луѓе и тоа го имаат докажано безброј пати претходно. Можеме и сега. Да подадеме рака сите заедно. Ова е само мала помош од наша страна за да му помогнеме на Алпај, велат од Супер радио, од каде додаваат дека компаниите можат да ги контактираат на телефонот 046/260-078 или на маил адресата: superradio@superradio.com.mk.

Во меѓувреме охриѓани најавуваат организирање на бројни индивидуални и заеднички акции за собирање средства за операција на 27-годишниот Алпај (Џани) Муфти од Охрид.

Сите хумани луѓе кои живеат надвор од Република Македонија можат да помогнат во собирањето на средства за операција на 27-годишниот Алпај (Џани) Муфти од Охрид и преку Gofundme.

Опции за донирање:

Телефонски броеви за донации:
– Телеком 070/143-424
– А1 077/143-468

Трансакциска сметка за донации: Ozdizhan Mufti

за Македонија:
270-7000234130-33 Halk Banka

за странство:
IBAN code MK07270700027498188
SWIFT EXPCMK22

Информации за донации можат да се добијат и на телефонот: 076/337-337. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука