Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Хуманитарен концерт на охридските фолклорни ансамбли за помош на Алпај

Охрид, 30. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани организираат бројни индивидуални и заеднички акции за собирање средства за операција на 27-годишниот Алпај (Џани) Муфти од Охрид.

Еден од тие настани е и големиот хуманитарен концерт на охридските фолклорни ансамбли за помош на Алпај кој ќе се одржи денеска напладне во Спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид.

Ќе настапат КУД „Ѓердан од бисери“, ФА „Филиграни“ и КУД „Отекс Фолк“ од Охрид.

– Да ја вратиме насмевката на нашиот сограѓанин Алпај, кој е тешко повреден во собраќајна незгода, избегнувајќи куче на патот. Му предстои тешка и скапа операција, која неговите родители не се во можност да ја обезбедат. Алпај се бори за живот,а ние ке заиграме,запееме и донираме од срце за Алпај. Ве очекуваме, порачуваат организаторите.

Сите хумани луѓе кои живеат надвор од Република Македонија можат да помогнат во собирањето на средства за операција на 27-годишниот Алпај (Џани) Муфти од Охрид и преку Gofundme.

Опции за донирање:

Телефонски броеви за донации:
– Телеком 070/143-424
– А1 077/143-468

Трансакциска сметка за донации: Ozdizhan Mufti

за Македонија:
270-7000234130-33 Halk Banka

за странство:
IBAN code MK07270700027498188
SWIFT EXPCMK22

Информации за донации можат да се добијат и на телефонот: 076/337-337. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука