Здравје Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања Охрид: Користи го срцето, познавај го срцето!

Охрид, 29. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Користи го срцето, познавај го срцето, порачуваат од ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања од Охрид на денешниот, Светски ден на срцето.

– Годинашното мото на Светскиот ден на срцето, кој се одбележува денес на сите континенти во светот, а во организација на Светската федерација за срце, бројни стручни здравствени здруженија, медицински установи и невладини организации не потсетува дека срцето треба да си го сакаме и да го познаваме – затоа што го сакаме и чуваме само она што го знаеме и затоа што кога знаеме повеќе ние можеме подобро да се грижиме. Нашата Болница е една од првите здравствени установи во земјава која се придружи кон одбележувањето на овој ден, затоа што здравјето на срцата на илјадници луѓе е наша секојдневна грижа. При секоја средба со нашите пациенти со секој даден совет ние ја подигаме свеста за важноста на кардиоваскуларното здравје. Идејата е на овој ден со пораките да допреме до што поголем број на луѓе, вкучително и оние кои досега немале здравствени проблеми, за важноста од константна грижа за здравјето на срцето преку негување на здрави навики на живот и елиминирање на сите ризик фактори кои можат да бидат корегирани, порачуваат од болницата.

Додаваат дека во соработка со нивниот проверен партнер за вакви активности, реномираната фармацевтска компанија „Алкалоид“, годинава Светскиот ден на срцето ќе го одбележат во рамките на нивните секојдневни активности со нивните амбулантски и болнички пациенти, како и пациентите на рехабилитација. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука