Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Во Охрид приведено лице од Радовиш, сторител на девет тешки кражби

Охрид/Охрид, 29. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 28-ми септември 2023 година, во Полициската станица Радовиш е задржано 21-годишно лице од Радовиш, кое било лишено од слобода на подрачје на Охрид, по барање на Полициската станица Радовиш.

– Тој се сомничи дека во текот на 2023 година извршил повеќе кривични дела на подрачјето на Радовиш. Во службениот разговор во полициска станица, тој признал дека извршил девет кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“. За преземените мерки е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по целосно документирање на случаите против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука