Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Екипата на ЗРР СК „Св. Апостол Петар“ со одличен успех на Купот „Петре Прличко“ во Скопје

Скопје/Охрид, 1. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Членовите на Здружението на рекреативни риболовци, Спортски клуб „Св. Апостол Петар“ од Охрид, со одличен успех се враќаат од Купот „Петре Прличко“ кој се одржа во Скопје.

– На Купот „Петре Прличко“, кој во организација на клубот „Вардар“ од Скопје се одржа на езерцата во Градски парк во Скопје, екипата на ЗРР СК „Св. Апостол Петар“ од Охрид го освои второто место екипно, а Наум Лазарески го освои второто место поединечно. Бистро на сите учесници, порачаа од клубот.

Здружението на рекреативни риболовци, Спортски клуб „Св. Апостол Петар“ од Охрид, ќе го организира Крапскиот куп „Охрид крап 2023“, кој ќе се одржи од 5-ти до 8-ми октомври 2023 година на Охридското Езеро. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука