Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Филмот „Нешто слатко“ на 7-ми октомври ќе се прикажува во Охрид

Охрид, 2. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Романтичната и питката комедија „Нешто слатко“ во режија на Тин Водопивец во сабота, 7-ми октомври ќе се прикажува во Охрид.

Настапуваат актерските ѕвезди Сашко Коцев како Аце Мајсторовски и Јелена Јованова- Периќ во ликот на Каја.

– „Нешто слатко“ е полн со збунетост, забавни заплети и пресврти, каде кариерата на Каја – организаторка на маркетинг конференции виси на конец кога нејзиниот главен адут Аце Мајсторовски – маркетинг гуру од Македонија го пропушта својот лет. За да се избегне катастрофа таа му наоѓа замена – локален слаткар кој што личи сосема на него, е кратката содржина на филмот.

Од премиерната проекција во мај 2023 година, во кино салите и на отворено (летни кина), ширум нашата земја се прикажа пред повеќе од 7.000 задоволни гледачи.

Филмот во Охрид ќе се прикажува во Центарот за култура „Григор Прличев“ од 20:00 часот, а цената на билетот е 150 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука